Ова е функционална 3D дрвена сложувалка во форма на ретро Грамафон. Грамафонот доаѓа заедно со една винил плоча на која има 3 песни:The Merry Gent, Memory Of A Dance, The Giant Killers, исто така може да се употребуваат и други винил плоќи со големина од 7 или 10 инчи. Грамафонот се напојува преку навивање на рачката или може да се поврзе со полнач преку USB портот, исто така тонот може да се регулира преку копче.Функционалната сложувалка е составена од висококвалитетни материјали, изработени преку најнова ласерска технологија. Креативен поклон за вас и вашите најблиски.
Грамафон
Парчиња : 424
Димензии : 230х260х430мм
Левел : 5 / 5