top of page
Writer's pictureДавор

Пиратски телескоп: Совршена комбинација на забава, образование и развој на практични вештини

Updated: Mar 27

Иако традиционалните сложувалки веќе имаат одлична намена да ја стимулираат мозочната активност, подобро е да поседувате барем една сложувалка која нуди стимулирање на мозочната активност во комбинација со одлична декорација и функционалност.

Во тој контекст, нашиот Пиратски Телескоп дефинитвно се истакнува. Во овој текст ќе ви претставиме што ја прави оваа сложувалка уникатна од забавен и едукативен аспект. Пиратскиот Телескоп е едукативна сложувалка која е склоп на уникатен дизајн, креативност и инженерство. Телескопот како дел од нашата колекција на функционални сложувалки претставува забавен предизвик за секого без разлика на годините. Не само што ќе уживате во процесот на составување, уникатниот изглед на сложувалката ќе може да ви служи и како долготрајна декорација. Покрај тоа, сложувалката им овозможува на сите љубители на астрономија општо да разберат како функционираат телескопите. Иако дометот на телескопот е само двојно поголем, доволно е за да се видат далечни згради и пејзажи, љубителите на телескоп ќе добијат добра почетна точка за посериозна опрема во иднина.

Кои спецификации ги има сложувалката? Телескопот кој претставува реплика на пиратски телескоп, се составува од 314 уникатни делови. Стативот може да се проширува и се составува од 3 одделни цевки кои претходно се составуваат од помали делови. Деловите мораат да се состават со огромна прецизност. Сепак, поединечните делови веќе се исечени со нивните предвидени димензии, така што ваша единствена грижа би била да ги составите правилно. Во пакувањето ќе најдете три различни леќи: „телескопска леќа“, 20mm „пребарувачка“ леќа и 30mm „целна“ леќа, што ќе ви овозможи видливост на растојание до 150 метри и три нивоа на прилагодување. Составената сложувалка е доста обемна – со димензии 13" x 9.4" x 12.8"

За да го дополни својот „Пиратите од Карибите“ стил, телескопот има капаче во пиратски стил за заштита на огледалото. Капачето е прикачено преку ланец што го доловува ретро пиратскиот стил. Ова убаво се вклопува со неговите елегантни кожни детали како и со додатните украси. Колку време е потребно за да се состави сложувалката?

Во поглед на времето за целосно составување, оваа дрвена сложувалка бара трпение и прецизно составување. Целиот процес може да трае околу 2,5 часа активно редење или повеќе, во зависност од бројот на вклучени лица. Дали пиратскиот телескоп е за сите возрасти? Како што веќе напоменавме погоре во текстот, процесот на составување бара трпение и логично размислување. Сите наши сложувалки се наменети за различни возрасти без разлика на годините. За Крај Конечниот производ е целосно функционален телескоп (иако со своите очигледни ограничувања), учесниците можат да добијат чувство на постигнување со кое можат да го видат директниот резултат на својот труд на особено опиплив начин (тоест, со користење на истиот). Поради сите овие причини како и многу други, 3Д сложувалката во форма на пиратски телескоп без сомнение еден од најдобрите креативни подароци кои можете да ги подарите на вашите најблиски.

500 views0 comments

Comments


Сложувалки за тебе

bottom of page