top of page
Writer's pictureДавор

Соларниот Систем во 3Д: Креативноста и Предностите на Функционалните Сложувалки

Updated: Mar 27

Едукативен аспект

Учењето на нови работи може да се изведе на многу начини. Иако не е потребно да имате сложени алатки за да научите нова лекција како што е проучувањето на соларниот систем, преку нашиот 3Д Функционален Соларен Систем можете сликовито да го доловите целосното негово движење.

Направете го учењето позабавно, креативно и уникатно со оваа сложувалка и запознајте ги вашите деца, ученици или студенти со соларниот систем и планетите. Покрај едукативниот карактер, сложувалката може да придонесе за оптимален развој кај секого. Комплексноста и предизвикот за целосно да се состави сложувалката ќе приденесе развој на когнитивните вештини како и оптимално размислување при решавање на проблеми.

Дизајн и функција 3Д Соларниот систем како дел од нашата колекција на функционални сложувалки е првично дизајниран да претставува механичка симулација на траекторијата на планетите во нашиот соларен систем. Она што го прави различен и уникатен е неговиот дизајн. Сложувалката се составува на платформа која ја прави структурата целосно стабилна и издржлива. Запчаниците ротираат според вистинското движење на планетите околу сонцето, така што оваа сложувалка дава многу информативни детали за феноменот на нашиот сончев систем. Запчаниците имаат различни дијаметри кои го одредуваат растојанието на секоја планета од сонцето. Совршен начин за визуелна едукација на секој што сака да научи нешто повеќе за соларниот систем. Овој уникатен продукт не е само сложувалка или играчка. Може да служи и како уникатна декорација во вашиот дом или канцеларија. Израдувајте ги вашите најблиски со уникатен подарок кој може да го подарите составен како сувенир или со целосното пакување како сложувалка.

Составување и предизвик Составувањето на оваа сложувалка е и забавна активност бидејќи парчињата имаат многу различни форми и краеви што претставуваат предизвик за да се состават. Во пакет со сложувалката доаѓа и детално упатство кое ќе ве води низ целата авантура и ќе ви го олесни процесот за составување.

Нивото на тежина за составување на оваа сложувалка е 4 од 5. Сложувалката има 316 уникатни парчиња кои доаѓаат во големи и мали димензии. Во просек за целосно осоставување се потребни околу 17 часа. За повеќе информации и детален опис на сложувалката кликнете тука.


Доколку сакате да ги видите сите наши сложувалки кликнете тука.

507 views0 comments

Comments


Сложувалки за тебе

bottom of page