top of page
Writer's pictureДавор

5 функционални сложувалки кои ќе ви го разубават работното биро

Updated: Mar 27

Иако може да звучи контрапродуктивно,постои доста голема предност доколку имате функционална сложувалка на вашето работно биро. Сложувалките можат да придонесат зголемување на вашата продуктивност на работното место. Нашите 3Д сложувалки се целосно функционални, откако ќе се состават, тие можат да служат како декорација и да го разубават вашето работно биро.

Зошто на вашето работно биро му треба функционална сложувалка?

Науката вели дека можете да ја подобрите вашата продуктивност за време на работа. Според овој научен труд од 2018 година, опуштањето со играчки за време на работа може да ја зголеми вашата продуктивност дури до 20%. Оваа статистика е докажана со истражувањата на NYU Game Innovation Lab кои велат дека играчките на вашето биро можат да служат како помагател за ментално ослободување на лоша енергија и може да ја подобри менталната состојба, да го зголеми фокусот и да го намали стресот.

На кратко, играчките(функционалните сложувалки) на вашето работно биро можат да:

  • Го стимулираат мозокот и да го подобрат когнитивното размислување.

  • Да ги активираат вашите креативни мисли.

  • Да ги подобрат вашите вештини за решавање на проблеми.

  • Да ви помогнат при одложување на менталниот пад, односно ве прават попродуктивно подолг временски период.

  • Да го намалат стресот.

  • Да го зголемат нивото на хормоните на среќа. Ние создадовме листа од 5 сложувалки како потенцијални кандидати за да го разубават вашето работно биро. 1. Ретро Автомобил

Доколку сте фан на се што е ретро, Ретро Автомобилот е правата сложувалка за вас. Со средено ниво на тежина за составуање, оваа сложувалка може да ја составите за време на вашата пауза за само неколку дена. Чуството на постигнување кое ќе го добиете од целосното составување на сложувалката ќе го подобри вашето расположение и ќе ве направи да бидете попродуктивни.

Откако ќе ја составите сложувалката, таа може да служи како уникатна декорација и да го разубави вашето работно биро.


Според Харвард, музиката има голем потенцијал за подобрување и изведување на работните задачии, зголемување на вашата концентрација и расположение. Ова ја прави нашата сложувалка Музичка кутија - Виолончело една од најдобрите сложувалки за возрасни затоа што комбинира музика со уникатна декорација која ќе го е го пополни празното место на вашето биро. Потребно време за целоносо да се состави е активно составување од околу 3 часа во просек.


Слично како и Музичка кутија - Виолончело, Музичката кутија - Ѕвездено Небо нуди склоп од уникатена декорација и музика која не само ќе го разубави вашето биро, туку ќе ја смени и атмосферата во целата работна просторија. Оваа сложувалка ја свири песната "Memory from cats" додека ѕвездите ротираат. Целиот склоп на сложувалката од одлична музика и одличен дизајн може помогне при намалување на стресот како и намалување на нивоата на анксиозност.




Самото име може да ви ја открие најдобрата намена на оваа сложувалка. Календарот со часовник е една од нашите најпопуларни 3Д функционални сложувалки. Нашите клиенти ја користат оваа сложувалка токму на нивното работно биро. На календарот може мануелно да се менуваат ден и месец. За целосно да се состави сложувалката, потребно е да се спојат 250 уникатни делови.


Нашата сложувалка 3Д мотор е целосно функционална и може да се движи до 3 метри должина. Сложувалката се состои од 420 делови за кои има детален опис и инструкции како да се спојат. Потребно време за составување е активно составување од 4 до 5 часа. Доколку сте љубител на мотори, ова е совршената декорација за вашето работно биро. За Крај

Иако постојат различни декорации за работно биро, не сите можат да ви понудат одлична вредност. Нашите функционални сложувалки нудат уникатена спој од нивно составување, користење и изложување. Естетските дрвени сложувалки ќе ги поттикнат вашите креативни размислувања, ќе ви обезбедат ослободување од стрес и ќе ја зголемат вашата ефикасност на работа. За повеќе функционални сложувалки за вашето биро, посетете ги нашите кликнете тука.

747 views0 comments

Comments


Сложувалки за тебе

bottom of page