top of page
Writer's pictureДавор

6 најтешки функционални сложувалки за составување

Updated: Mar 27

Без разлика дали сте почетник или експерт во редење сложувалки, дете или возрасна личност, секој може да најде соодветен комплет од нашите 3Д функционални сложувалки. Составени од висококвалитетни материјали, изработени со најнова ласерска технологија функционалните сложувалки се склоп на уметност, иновативност и инженерство. Откако ќе се состават сложувалките се целосно функционални и симулираат различни движења во зависност од моделот.


Во овој текст ќе ви претставиме 7 сложувалки кои ние мислиме дека претставуваат најголем предизвик и се најтешки за составување.



Ниво на тежина: ★★★★☆ Просечно време за составување: 15-17 Часа


Соларниот Систем е едукативна сложувалка која се составува од 316 делови. Сложувалката визуелно го симулира орбитирањето на сите планети на во нашиот сончев систем и има тежина од 2 килограми. Откако целосно ќе се состави, соларниот систем преку рачен ротатор се навива, а планетите почнуваат да се движат околу сонцето. Составувањето на оваа сложувалка е и забавна активност бидејќи деловите имаат многу различни форми и краеви што претставуваат предизвик за да се состават. Во пакет со сложувалката доаѓа и детално упатство кое ќе ве води низ целата авантура и ќе ви го олесни процесот за составување.



Ниво на тежина: ★★★★☆
Просечно време за составување: 16-18 Часа


За разлика од повеќето наши 3Д дрвени сложувалки, чоколадната фабрика е направена во ретро стил. Таа симулира целосно производство на слатки кои поминуваат низ неколку фази, топчињата кои се дел од сложувалката се спуштаат по шините од горе надоле по двојна патека за спуст која води до продавницата на слатки позиционирана на долниот дел од сложувалката, целиот процес се одвива преку вртење на рачка која ја напојува фабриката. За целосно да се состави сложувалката, потребно е да се спојат 420 уникатни делови кои претставуваат вистински предизвик за секого без разлика на возраста.



Ниво на тежина: ★★★★☆

Просечно време за составување: 16-18 Часа



Старите филмови сеуште се емитуваат. Ретро Камерата е уште една сложувалка која ќе ве врати назад низ времето. Сложувалката во вид на ретро камера емитува црно-бел филм од класиците на Чарли Чаплин. За целосно да ја составите оваа сложувалка треба да споите 183 делови кои доаѓаат во различни форми и бараат голема посветеност и прецизност за да може филмот непречено да се репродуцира. Откако ќе се состави сложувалката преку вртење на рачката ќе можете да уживате во старите филмски дела. Уживајте во кино заедно со пријателите и семејството!



Ниво на тежина: ★★★★★
Просечно време за составување: 20-22 Часа


Доколку барате сложувалка која има над 500 делови, тогаш функционалниот глобус е правиот избор за вас. 567 уникатни делови треба прецизно да се спојат за да се добие вистинската структура на глобусот. Функционалниот глобус има 8 тајни прегради каде што може да чувате различни предмети, секоја преграда има приказ од осумте светски чуда што додава на уникатната естетика на самата сложувалка.

Глобусот има механизам за заклучување составен од 12 соѕвездија преку кои можете да ги заклучите тајните прегради. Совршен подарок за секој љубител на класичен стил.



Ниво на тежина: ★★★★★
Просечно време за составување: 22-24 Часа


Една од нашите најсложени и уникатни сложувалки е функционалниот грамафон кој откако ќе го составите може да свири музика преку винил плочи со големина од 7 или 10 инчи. Грамафонот се составува од 424 делови. Сложувалката се напојува преку навивање на рачката или може да се поврзе со полнач преку USB порт, тонот може да се регулира преку копчиња кои се поставени на долниот дел од сложувалката. Покрај деталното упатство кое ќе ве води низ целата авантура, сложувалката доаѓа со една винил плоча која на која има 3 песни: The Merry Gent, Memory Of A Dance, The Giant Killers.



Ниво на тежина: ★★★★★
Просечно време за составување: 25-27 Часа


Според нас, Пинбалот е дефинитивно најтешката сложувалка од колекцијата 3Д Функционални сложувалки и претставува најголем предизвик за составување. Сложувалката е совршена реплика на 3Д Пинбал играта од 90-тите која ќе ви овозможи повторно да ги проживеете убавите моменти од детството. За целосно да се состави потребно е да се спојат 482 делови во различни форми, како и електроника која треба да биде поставена под флиперот. Откако ќе ја составите сложувалката, ќе можете да се натпреварувате со најблиските и да видите кој ќе го постави најголем рекорд.



За крај


Откако ќе ги составите сложувалките, покрај тоа што ќе можете да ги користите, тие се исто и одлична декорација која може да служи како украс и да го разубави вашиот дом или работно место. Совршен подарок за секого независно од возраста. За повеќе функционални сложувалки во вашиот дом, или на вашето работно биро, кликнете тука.



FAQ

Често поставувани прашања:


Дали 3Д функционалните сложувалки се здрави за работата на мозокот?


3Д функционалните сложувалки се одличен начин да го стимилирате и вежбате мозокот.


Што се 3Д функционални сложувалки?


3Д Функционалните сложувалки се три димензионални сложувалки кои откако ќе се состават можат да вршат одредена функција. изработени се преку најнова ласерска технологија.


Дали 3Д функционалните сложувалки се потешки од другите сложувалки?


3Д функционалните сложувалки бараат повеќе посветеност поради комплексноста на самите делови, повеќето се составуваат од 200+ делови во најразлични форми кои треба прецизно да се наместат.


Како функционараат 3Д функционалните сложувалки?

3Д функционалните сложувалки се темелно дизајнирани да се состават парче по парче во тридимензионален објект. Она што ги прави функционалните сложувалки посебни е дека, откако ќе се состават, не служат само како статични модели; тие се целосно функционални. Во зависност од типот на сложувалката, секој завршен дел може да извршува различни операции или функции, што ги прави не само предизвик за составување, туку и корисни и интерактивни откако ќе се завршат.

1,786 views0 comments

Comments


Сложувалки за тебе

bottom of page